Македонија

Уставен суд денеска со конечна одлука за „балансерот“

Уставен суд денеска со конечна одлука за „балансерот“

Денеска на седница, Уставен суд ќе носи конечна одлука за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државни институции.

Биљал Касами во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека со нов закон ќе биде среден и балансерот, како и употребата на албанскиот јазик.

Министерот за администрација Стефан Андоновски исто така од студиото на ТВ21 пред извесно време рече дека алатката „балансер“ се злоупотребува. На исто мислење се и речиси сите политичари од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски кажа дека каква и да биде одлуката, нема да биде политичка, туку правно издржана.

Уставните судии пред две недели ја почнаа постапката за преиспитување на уставноста на балансерот, со што донесоа времена мерка за замрзнување на неколку одредби – од Законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници, правилникот за задолжителни елементи во јавните огласи, за формата и содржината на регистарот на вработени, како и методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор.

Доколку мнозинството судии утре повторно се изјаснат како за привременото стопирање на примената на балансерот, во пракса ќе значи дека трајно се укинува етничката припадност како критериум во огласите во јавниот сектор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни