Македонија

Уставен суд нема да коментира ничии ставови поврзани со Законот за употреба на јазиците

Уставен суд нема да коментира ничии ставови поврзани со Законот за употреба на јазиците

Уставниот суд на Република Македонија информира дека нема да коментира ничии ставови поврзани со предметот за Законот за употреба на јазиците. Според најавите, седницата на која ќе се дискутира за овој закон е закажана за 11 декември.

„По завршување на седницата ќе се одржи редовна прес-конференција на која ќе одговориме на сите прашања од јавноста и медиумите,“ соопшти Судот.

Овој случај предизвикува значителен интерес кај јавноста, особено поради различните ставови и толкувања за примената на Законот за јазиците.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни