Македонија

Уставен суд против графата националност во изводите од матичните книги

Уставен суд против графата националност во изводите од матичните книги

Уставниот суд се сомнева во уставноста и законитоста на одредбите за внесување графа со национална припадност во изводите од матичните книги на родените, умрените и венчаните. Судиите одлучија да го прифатат предлогот на судијата известител Дарко Костадиновски и да поведат постапка. Сметаат дека националната припадност е лично чувство, емпириски непроверлив податок и слобода на изразување утврдена со Уставот, а компаративната анализа покажала дека нема држава во која изразувањето националност е задолжително, објави Телма.

Оваа графа беше воведена со одлука на министерот за правда Кренар Лога во мај годинава. Тој објави упатство за матичните служби врз основа на закон од 95-та година, што беше оспорен пред Уставниот суд од Левица. Во јули Судот времено го стопираше ова упатство, но немаше мнозинство за донесување одлука.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни