Македонија

Уставниот суд денеска ќе одлучува за Упатството за водење на матични книги

Уставниот суд денеска ќе одлучува за Упатството за водење на матични книги

Уставниот суд денеска ќе одлучува за предметот У.бр.89/2023 во кој е поведена постапка за Упатството кое во јавноста е познато како Упатство за водење на матични книги.

Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за 7 дена.

Оспорено: Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги.

Со оглед дека дискусијата за овој предмет е веќе завршена на денешната седница следува фазата на гласање и донесување на одлука.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни