Македонија

Усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

Усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

Владата денеска го усвои предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски, со што постапката – која беше ставена во мирување за време на изборниот период – продолжува согласно законските процедури.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција информираше дека причините за ваквата одлука се веќе јавно познати и претходно образложени.

„На владина седница усвоен е предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски, со што ја продолжуваме постапката која согласно законските ограничувања беше привремено стопирана за време на изборниот период“, вели Митева.

Таа додава дека оваа одлука е поради направени крупни професионални грешки при раководењето со јавното обвинителсто што доведува до нарушување на ефикасноста и фукционалноста на ЈО.

„Неовластено изнесување на информации и податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката согласно закон. Нарушување на угледот на ЈО и неговиот личен углед, непостапувајќи согласно обврските кои што се предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно уставот“, изјави Митева.

Од Владата најавуваат дека по усвојувањето на предлогот ќе следуваат понатамошните институционални чекори за финализирање на постапката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни