Македонија

Утре дожд и ветер, во четврток значителен пад на температурите

Утре дожд и ветер, во четврток значителен пад на температурите

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северозападните региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во
интервал од 33 до 41 степен.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец. T=41°C. P=971hPa. U=18%. V=6m/s. UV index=9.

Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) утре, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Утре претежно во северните делови ќе има повремен локален дожд, а во петок услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурата ќе биде во постепен пораст.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни