Македонија

Утре и во сабота во Скопје ќе се прска против комарци

Утре и во сабота во Скопје ќе се прска против комарци
Градот Скопје ги известува граѓаните дека  на 12 и на 13.07.2024 година (петок и сабота) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, стои во соопштението.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни