Македонија

Утре ќе бидат претставени шест нови еколошки автобуси во Скопје, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шест нови еколошки автобуси во Скопје, донација од ЕУ

Утре, 26 ноември, во 11 часот ќе се одржи примопредавање на шест нови еколошки автобуси за ЈСП Скопје, донација од Европската Унија преку програмата „ЕУ за чист воздух“.

Автобусите, кои работат на компримиран природен гас (CNG) и го исполнуваат стандардот ЕУРО 6, ќе помогнат во намалување на емисиите на CO2 и подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје.

На настанот ќе присуствуваат Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, Мишела Телатин од УНОПС, градоначалникот Данела Арсовска и министерот Изет Меџити.

Проектот ги опфаќа и Битола, Куманово и Тетово, а автобусите ќе овозможат подобар и инклузивен јавен превоз за сите граѓани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни