Македонија

Утре посебен режим на сообраќај на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница

Утре посебен режим на сообраќај на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница

Утре (сабота, 12.04.2025) во 11.00 часот на граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ ќе се одржи свечена церемонија за пуштање во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“. На настанот ќе присуствуваат високи македонски и косовски владини делегации,  министри, вицепремиери, предводени од премиерите на двете држави, г. Мицкоски и г. Курти, директори на државни управи, како и претставници на дипломатскиот кор во државата.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај во периодот од 10.30 до 12.00 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни