Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје- Единица за безбедност на патниот сообраќај утре (16.06.2023) ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците околу национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде со почеток во 20.45 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и  Украина.

МВР апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни