Утре во 12:30 часот ќе се одржи протестен марш за чист воздух.
Маршот ќе започне пред Министерството за животна средина, ќе продолжи преку Собранието и Владата, а ќе заврши пред Град Скопје.
Организаторите протестираат поради игнорирањето на барањата за чист воздух, истакнувајќи дека загадувањето секоја година предизвикува над 3800 смртни случаи, што е 17,7% од вкупната смртност во државата.
Тие бараат итни мерки за намалување на загадувањето и заштита на здравјето на граѓаните.