Македонија

Утре седница за одобрување притвор за пратеникот Љупчо Димовски

Иако првично беше најавена за в понеделник, седницата на комисијата за мандатно-имунитетни прашања ќе се одрши утре во Собранието на Република Македонија со почеток во 11 часот.

На седницата ќе се расправа по единствената точка на дневен ред и тоа: барање за одобрување притвор на пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од Основен суд Скопје I, Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција III.КОК –
ПП. бр.32/19 од 01.02.2019 година.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни