Утре, 25.08.2023 година (петок) во 10:45 часот, во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, ќе се одржи заедничка прес-конференција на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Претставниците на медиумите на заедничката прес-конференција ќе имаат можност за поставување на прашања во формат 2+2, односно две прашања за премиерот Ковачевски и две прашања за заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Ескобар.
Попладнево Ескобар имаше средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски.