Македонија

Утре во 6 наутро продолжува гаснењето на пожарот кај Богданци

Утре во 6 наутро продолжува гаснењето на пожарот кај Богданци

Утре, рано наутро, околу 6.00 продолжува гаснењето на пожарот кај Богданци. На помош се повикани пожарникари со теренски возила од Штип и Кавадарци.

Потоа ќе се процена потребата од воздухоплови.

Состојбата не е алармантна, ниту едно населено место не е загрозено, гори нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева.

Покрај пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, како и тимови на ДЗС и Национални шуми од Валандово и Гевгелија, на располагање за утре имаме три Ер Трактори на ДЗС, два хеликоптери на МВР и еден на Армијата.

Постои можност пожарот да се локализира во утринските часови без употреба на летала.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни