Утре во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
На веб-страницата на Град Скопје беше соопштено дека дезинсекцијата ќе се врши денеска и утре.
– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, пишува на веб-страницата.
Од Град Скопје ги советуваа пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.