Лидерската средба е закажана за утре во 17 часот кај Претседателот на државата Стево Пендаровски.
Поканата е испратена до сите лидери на поголемите политички партии, а според информациите од претседателскиот кабинет истите биле прифатени.
Тема на разговор на утрешната лидерска средба се предвремените парламентарни избори, за кои денеска се согласи и премиер Заев.