Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, 7 се под контрола и 30 се изгаснати.
Активни пожари се уште има во:
Општина Македонски Брод 1: Јасен – Белица (борова шума);
Општина Кочани и Општина Македонска Каменица: с.Пресека– с.Цера (борова шума и папрат);
Општина Ресен: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (шума, нискостеблеста вегетација);
Општина Долнени: с.Дебреште се шири кон с.Рилево и с.Зрзе како и кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева)
Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Горно Крушје, Општина Македонски Брод (борова и букова шума);
Општина Кичево 2: с.Зајас – с.Горно Строгомиште (мешана шума);
Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (ела, смрека и сува трева);
Општина Новаци: с.Полог – Брник – Ивени – Рапеш – Паралово (ниска вегетација, деградирана шума);
Општина Битола: с.Острец (сува трева, густа мешана шума);
Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
Општина Македонски Брод 2: с.Грешница (мешана шума);
Општина Пробиштип: с.Ратковица према Пониква (мешана шума)
Под контрола се седум пожари во:
Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума);
Општина Демир Хисар: Илинска Планина кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација);
Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
Општина Чашка: планина Мукос, Општина Чашка кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума);
Општина Македонски Брод: с.Слатина;
Општина Дебар 1: с.Гари (сува трева) (утрово ќе одат од ЈП НШ на увид);
Општина Дебар 2: планина Стогово (утрово ќе одат од ЈП НШ на увид).