Утрово минусни температури во Македонија имаше во Берово, Тетово и Битола, додека на другите места беше над нулата.
Ова се минималните температури измерени утрово низ Македонија:
-3 Берово, -1 Тетово, Битола, 0 Скопје-Петровец, Прилеп, Велес, Струмица, 1 Крива Паланка, Демир Капија, Куманово, Лазарополе, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Маврови Анови, Попова Шапка, 3 Охрид, Претор, 4 Гевгелија, Крушево, Виница.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во Скопската Котлина има појава на магла, а во долниот тек на Повардарието ниска облачност. Дува слаб променлив ветер.