Утрово, најниска температура е забележана во Берово, со 1 степен. Лазарополе се наоѓа на 3 степени, а Битола и Струмица имаат 5 степени. Во Крива Паланка, Демир Капија, Попова Шапка и Маврови Анови температурите се 6 степени. На Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Прилеп и Штип се измерени 7 степени, додека во Охрид, Куманово, Велес, Кавадарци, Виница и Дебар температурата е 8 степени. Скопје-Зајчев Рид и Крушево имаат 9 степени, а Гевгелија 10 степени.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, а утрово е сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ветерот дува слаб до умерен од северен правец.
Временска Прогноза за Денеска: Денес очекуваме сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ветерот ќе биде слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен. Максималните температури ќе се движат од 20 до 28 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од север. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.