Македонија

Утрово најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Гевгелија и Дебар

Утрово најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Гевгелија и Дебар

Најниска температура утринава е измерена на Попова Шапка, каде што термометарот покажал -4°C. По неа следуваат Лазарополе со -1°C, Маврови Анови и Крушево со 0°C, а Тетово, Крива Паланка и Скопје-Петровец имаат 1°C. Во Битола, Прилеп и Берово температурата е 2°C, додека во Охрид и Дебар се измерени 3°C. Во Претор, Штип, Виница, Куманово, Велес и Кавадарци има 4°C, а 5°C се регистрирани во Демир Капија и Струмица. Најтопло е во Гевгелија со 6°C.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Гевгелија и Дебар (19 литри на квадратен метар), следуваат Струмица со 15 литри, Битола и Крушево со 13 литри, а Прилеп и Берово со 12 литри. Во Крива Паланка, Пожаране и Пожар-Радовиш паднаа 11 литри, во Тетово, Охрид, Штип и Тополчани по 10 литри, а во Маврови Анови и Лазарополе 9 литри. Претор и Велес регистрирале 8 литри, Виница 7 литри, а Попова Шапка и Кавадарци 6 литри. На Скопје-Петровец и Куманово наврнаа по 5 литри, додека во Демир Капија беа измерени 4 литри. Најмалку дожд имало во Скопје-Зајчев Рид (1 литар).

На Попова Шапка има 47 сантиметри снег, 36 см во Маврови Анови и 12 см во Крушево.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни