Утрово најстудено во Берово каде се измерени -9 степени.
По него следува -7 степени во Маврови Анови и Штип.
-6 степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Демир Капија, Попова Шапка, -5 степени во Тетово, Претор, Прилеп, Крушево, -4 во Охрид, Виница, Струмица, -3 во Скопје-Зајчев Рид, -1 во Куманово, и 0 степени во Гевгелија.
Снежната покривка изнесува 45 см во Попова Шапка, 16 см во Маврови Анови, 2 во Крушево, 1 во Ѓуриште.
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност, на североистокот значително облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени