Македонија

Утрово најстудено во Берово!

Утрово најстудено во Берово!

Минималните температури утрово се 10 Берово, 12 Лазарополе, 14 Маврови Анови, 14 Крива Паланка, 15 Битола, Струмица, Тетово, 16 Скопје-Петровец, Прилеп, Демир Капија, Попова Шапка, 17 Охрид, Претор, Куманово, Штип, 18 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Гевгелија,
20 Крушево, Виница.

Времето во текот на ноќта и изутринава е претежно ведро, а утрово е сончево. На повисоките места дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни