Утрово најстудено во Берово, измерени -4 степени

Студено и магливо утро ја разбуди државата, со минимални температури кои на неколку места се спуштија под нулата. Најстудено било во Берово со измерени –4 степени, додека –2 степени се забележани во Тетово, Струмица, Скопје–Петровец и Лазарополе. Температура од –1 степен утринава имале Демир Капија, Куманово, Маврови Анови, Битола, Крива Паланка и Велес.

Во Штип, Кавадарци и Гевгелија утринската температура изнесувала 0 степени, во Прилеп, Скопје–Зајчев Рид и Крушево 1 степен, а најблаго било во Виница, Охрид и Претор со 2 степени.

Се вчитува...

Според прогнозата, денеска времето ќе биде променливо облачно, со појава на магла во котлините претпладне. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а максималните дневни температури ќе се движат од 8 до 13 степени.

Во Скопје денот ќе помине подоблачно, со слаб јужен ветер. Претпладне во делови од котлината е можно појава на слаба магла. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 8 степени.Утрово најстудено во Берово, измерени -4 степени