Утрово најстудено во Лазарополе

Минималните температури утрово се 10 Лазарополе, 11 Берово, 12 Маврови Анови, 13 Битола, Попова Шапка, 14 Крива
Паланка, 15 Охрид, Струмица, Крушево, Претор, Тетово, Прилеп, 17 Скопје-Петровец, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, Штип, 18 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Гевгелија, 19 Велес.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 10 Тополчани, 8 Маврови Анови, 6 Гевгелија, 5 Крива Паланка, 4 Лазарополе, 3 Кавадарци, Попова Шапка, 1 Прилеп, Струмица, Тетово.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Во текот на ноќта преовладуваше малку до умерено облачно време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност.

Времето денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне од 25 до 33 степени. UV=6

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.