Македонија

Ужас во скопско Морани: Две тела пронајдени по пожар во куќа

Ужас во скопско Морани: Две тела пронајдени по пожар во куќа

Две безживотни тела утрово се пронајдени во куќа во скопското село Морани откако во истата избувнал пожар.

Случајот во полицијата бил пријавен околу 4 часот.

„Пријавено е дека во селото Морани, во викенд населбата гори куќа, сопственост на Р.Н. (66). На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција. Во 09.30 часот пожарот бил изгаснат“, информираат од МВР.

Причината за пожарот допрва ќе се утврдува.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни