Македонија

Узурпиран паркингот за туристички автобуси во Центар, на забрането паркираат и службени возила на министерствата

Узурпиран паркингот за туристички автобуси во Центар, на забрането паркираат и службени возила на министерствата
Службено возило паркирано каде што не смее / ФОТО: 4NEWS.mk

Низ центарот на Скопје секојдневно може да се забележи узурпацијата на јавниот простор. Таков пример е и малата улица пред Музејот на Град Скопје.

Граѓаните до нашата редакција се жалат дека иако местото е наменето за паркирање на туристички автобуси, просторот секојдневно е претворен во див паркинг за службени и приватни возила.

ФОТО: 4NEWS.mk

Како што може да се забележи, на истото место има и знак за забрането сопирање и запирање, но тоа не ги спречува возилата од Министерството за енергетика да се паркираат, а меѓу нив е и автомобилот на министерката Сања Божиновска.

Недалеку од местото има и полициска станица која се чини дека не реагира.

ФОТО: 4NEWS.mk

На местото може да се забележи и ѓубре, па така наместо туристите да имаат соодветен пристап и пријатен прв впечаток од градот, ги дочекува хаос, блокирани тротоари и паркирани возила на секоја можна површина.

Овој пример уште еднаш ја покажува неодговорноста на институциите, кои наместо да дадат пример, тие први ги кршат правилата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни