Македонија

В четврток последна пленарна седница на овој парламентарен состав

В четврток последна пленарна седница на овој парламентарен состав

Во четврток (28 март) ќе се одржи последната пленарна седница на овој парламентарен состав .

На дневен ред на оваа седница закажана се пет точки:

-Дополнетиот предлог на законoт за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите

-Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител,

-Дополнет предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, сите во второ читање

-Предлог на автентичното толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање и Барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето.

Претстојните изборни циклуси се редовни, а Собранието останува функционално и при некаква итна потреба може да закаже седница.

Овој парламентарен состав се случи да работи  во услови на Ковид пандемијата, кога имаше ограничување и други посебни услови за работа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни