Македонија

В понеделник ќе се расправа за пратеничкиот имунитет на Љупчо Димовски

Помеѓу осомничените за злоупотреба на службената положба кои утрово ги приведе полицијата е и пратеникот Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство. При денешниот распит, Димовски беше поштеден бидејќи тој се уште е пратеник во Собранието. За таа цел, за во понеделник е закажана седница на комисијата за мандатно имунитетни прашања на која ќе се дискутира ова прашање.

Денеска Обвинителката Вилма Рускоска во изјава за медиумите рече дека бара мерка притвор за сите обвинети, освен за еден за кој поради влошена здравствена состојба Рускоска бара поблага мерка односно мерка домашен притвор.

Обвинителството за организиран криминал и одделот за организиран криминал во МВР, по наредба на судија на претходна постапка утринава ги уапсија поранешните министри за земјоделие Михаил Цветков и Александар Спасеноски и Љупчо Димовски., но и заменикот министер Христијан Делев.

Димовски кој неодамна доби амнестија за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година е пратеник, но судија на претходна постапка издал наредба и за негово приведување.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни