Македонија

В понеделник лидерска средба

В понеделник лидерска средба

Денеска ќе бидат испратени покани до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието за лидерска средба во понеделник (4 декември).

Ваква најава даде премиерот Димитар Ковачевски вчера на прес конференција со потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

„Членството во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Дали ќе бидеме таму набрзо зависи само од нас, и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички партии и политички чинители во оваа земја кои имаат одговорност пред народот да испорачаат резултати на патот кон ЕУ, без изговори“, рече Ковачевски.

Евроинтеграцијата, редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, се очекува да бидат темите на лидерската средба која Ковачевски ќе ја закаже за понеделник.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни