Македонија

В среда прегласување, ќе се гласа во 6 избирачки места!

В среда прегласување, ќе се гласа во 6 избирачки места!

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски денеска на прес конференција посочи дека на 22 мај, односно во среда, ќе има прегласување.

Прегласувањето ќе се одвива на 6 избирачки места во Петтата изборна единица, и на едно избирачко место во ИЕ 6.

„Предлог решение за повторување на гласање во ИЕ 5, на избирачки места 1470/1, 1470 во општина Долнени. Избирачко место 1184, избирачко место 1202 во општина Крушево, избирачко место 1844 во општина Струга и избирачко место 1272 во општина Охрид. Констатирам дека Комисијата едногласно го одобри предлогот за прегласување на овие избирачки места. Предлагам да ја усвоиме точката 3, барам да гласаме, Кој е за? Констатирам дека точка 3, предлог-одлуката за повторување на гласањето во ИЕ 6, во избирачко 2101 во општина Желино, едногласно е усвоена“, рече Даштевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни