Васил Јованов призна вина и им се извини на родителите на Фросина

Во Кривичниот суд денеска призна вина 21-годишниот возач Васил Јованов, кој на 29 јануари возејќи под дејство на алкохол и без возачка дозвола, на пешачки премин поминувајќи на црвено светло ја прегази Фросина Кулакова.

„Почитуван суде, сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејството и да им се извинам. Тоа што сум го сторил не сум можел да замислам дека ќе се случи“, кажа Јованов.

По ова, обвинителот Александар Марковски, како и мајката и таткото на Фросина, побараа највисока затворска казна за делото кое според обвинението, младиот Јованов го сторил со умисла.

Тоје обвинет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, дело за кое е предвидена максимална казна од 20 години затвор.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното