Васко Довлев го фати светиот крст во Охрид

Васко Довлев од населбата Варош во Охрид денеска го фати светиот крст кој беше положен во водите на Охридското Езеро.

Тој беше најсреќниот меѓу капачите кои запливаа во студените води на езерото, кои утрово беа осветени со богојавленска богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитиот Дебарско-кичевски, Тимотеј.

Годинава за празникот Богојавеление – Водици околу 400 капачи беа пријавени, но како и секоја година влегоа поголем број верници во Охридското Езеро. Иако дуваше силен ветер, температурата беше 12 степени, а температурата на водата беше околу девет степени по осветениот крст влегоа голем број верници.