Свет

Ватикан: Папата спиеше цела ноќ, денеска продолжува со одморот

Ватикан: Папата спиеше цела ноќ, денеска продолжува со одморот

Папата Франциск, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, спиеше цела ноќ и денеска продолжува да мирува, соопшти Ватикан.

Како што се наведува во официјалното соопштение, папата вчера имал два акутни респираторни напади, поради што морал повторно да биде ставен на вентилатор за да може да дише, пренесе АП.

Лекарите извадиле големо количество слуз што се насобрала во неговите бели дробови и направиле две бронхоскопии, при што со камера извадиле течност од неговите дишни патишта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни