Во тек е исплата за скенираните сметки од Управата за јавни приходи (УЈП) за првото тримесечје од 2025 година.
Од таму споделија и кои се најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата:
- Погрешно внесена трансакциска сметка
- Внесена трансакциска сметка на друго лице
- Наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка
- Внесена трансакциска сметка која не постои или е згасната
Доколку имате потреба од поддршка или информации, јавете се во Контакт центарот на УЈП на следните броеви, од фиксна линија: 0800 33 000 и од мобилен телефон: 02 3253 200, или преку меил-адреста info@ujp.gov.mk.