Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера, 16.09.2023 година сабота, имало вкупно 23 пожари на отворено, од коишто се изгаснати 22, а само еден се уште се води како активен, според добиените известувања во Секторот за операции и координација во ЦУК, до утрово.
Конкретно, еден пожар, од вчерашните, се уште се води како активен: во Општина Студеничани кај „Марков Манастир“ помеѓу селата Маркова Сушица и Цветово каде што горела ниска вегетација и дабова шума. Утрово од терен е добиено известување дека во текот на ноќта и утрово немало знаци на пожар на оваа локација, но за истиот се уште не може да се каже дека е изгаснат.
Изгаснатите 22 пожари биле во:
– Општина Студеничани, кај с.Батинци (каде што горела сува трева);
– Општина Бутел, месност „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Сарај, кај с.Горно Свиларе (сува трева);
– Општина Долнени, три (3), кај Долгаец-Црнилиште-Стровија (шума), с.Новоселани (стрниште и сува трева) и кај с.Сарандиново (сува трева);
– Општина Прилеп, два (2) кај бензинска пумпа Салинда (сува трева) и кај затворот во Прилеп (сува трева);
– Општина Кривгаштани, помеѓу селата Пашино Рувци и Чепигово (стрниште);
– Општина Битола, два (2), кај с.Крклино (стрниште и сува трева) и кај с.Кишава (стрниште и сува трева);
– Општина Валандово: кај „Анска Река“ (сува трева, напуштено лозје, сливи и ореви);
– Општина Струга, два (2), кај с.Горно Татеши (сува трева и стрниште) и кај с.Вевчани (сува трева);
– Општина Дебар, с.Косоврасти (сува трева);
– Општина Чашка, меѓу с.Ореше и с.Богомила (дабова и габерова шума);
– Општина Чешиново-Облешево, с.Жиганци (стрниште и сува трева);
– Општина Куманово, два (2), кај с.Речица (стрниште и сува трева) и кај с.Режановце (стрниште и сува трева);
– Општина Липково: с.Матејче (стрниште, ниска шума и сува трева);
– Општина Теарце: с.Одри (сува трева) и во
– Општина Брвеница: кај с.Челопек (каде што горела сува трева).
Инаку, Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека во Секторот за операции и координација во е добиена, за сега, само едно известување за пожар на отворено од Регионалниот ЦУК Охрид: пожарникарите од ТППЕ Охрид заедно со ЈП „Комуналец – Охрид“, од утрово интервенираат поради запалени отпадоци на депонијата „Буково“.