Во одредени места во Грција, вчера биле регистрирани екстремно високи температури. Во поширокиот регион на Атина, термометарот одел и над 44 степени Целзиусови.
Од вкупно 500 активни метеоролошки станици во цела Грција, половина од нив измериле над 37 степени, а 136 станици над 40 степени.
Највисоката максимална температура (44,5) била регистрирана во близина на Ханија на островот Крит, а просечната максимална температура во Грција била 36,3 степени.
Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 55 од 74 активни станици регистрирале температури над 40 степени.
Во текот на вчерашниот ден, во главниот град Атина забрани посета на Акропол, поради есктремно високите температури.
