Македонија

Велешкото езеро Младост и вливот на Отовичка река загадени во алармантна 4-та и 5-та категорија?!

Велешкото езеро Младост и вливот на Отовичка река загадени во алармантна 4-та и 5-та категорија?!

Жител на Велес на социјалните мрежи сподели документи од страна на Државниот инспектор за животна средина.

Според нив, водите во Велешкото езеро Младост и вливот на Отовичка река се загадени во алармантна 4-та и 5-та категорија со фекални бактерии за што на 24-ти јули интервенирал Институтот за Јавно здравје по претходен извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот инспектор за животна средина.

За алармантноста на ситуацијата е Информиран и Државниот санитарен и здравствен иснпекторат.

Според него, градоначалникот молчи.

„На 25- ти јули, ДИЖС со назнака ИТНО го информира Комуналниот инспектор на Оштина Велес кој е во загрижувачка фаза на МОЛК. Со назнака СЕРИОЗНО И ИТНО е информиран и градоначалникот Марко Колев кој досега умешно и наменски молчи и воопшто не го обелоденува овој како што се наведува во дописот СЕРИОЗЕН ДЕЛИКТ, со што индиректно предизвикува општа опасност по ЗДРАВЈЕТО на сите корисници на водите на езерото Младост“, вели жителот.

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни