Македонија

Велибор и Боре отворено кажаа дека таткото е инволвиран во киднапирањето и убиството на Вања, вели началникот во своето сведочење

Велибор и Боре отворено кажаа дека таткото е инволвиран во киднапирањето и убиството на Вања, вели началникот во своето сведочење

Во текот на истрагата за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, полицијата добила значајни искази од Велибор Манев и Боре Видевски, кои ја засилиле сомнежот за инволвираноста на таткото, Александар Ѓорчевски. Началникот Дејан Димовски во своето сведочење посочи дека иако Влатко Кешишев не ја потврдил таа информација, Велибор и Боре биле јасни во нивните искази.

„Велибор и Боре отворено ни кажаа дека и таткото е инволвиран во киднапирањето и убиството на Вања. Со нивните искази, заедно со внимателно разгледување на сите околности, се создаде силен сомнеж во неговата улога во ова злосторство,“ објасни Димовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни