Македонија

Венко Филипче повторно избран за претседател на СДСМ – 4.800 не гласаа, 139 неважечки

Венко Филипче повторно избран за претседател на СДСМ – 4.800 не гласаа, 139 неважечки

На денешните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ, победи актуелниот лидер Венко Филипче кој беше единствен пријавен кандидат.

-18.140 члена гласаа за нов претседател на СДСМ, со единствен пријавен кандидат, актуелниот лидер, Венко Филипче. Тој добил 18.001 глас, а имало 139 неважечки ливчиња, соопшти Бранко Георгиевски – претседател на Централната изборна комисија од партиското седиште.

„Му честитам претседателот Венко Филипче за четири годишниот мандат“, рече Георгиевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни