Македонија

Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата

Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата

На денешната прес-конференција претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева информира дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

Нејзиниот мандат секако би завршил за неколку дена, односно на 5-ти месецов.

Инаку, Дамева минатата недела во изјава за јавноста рече дека имала право да остане уште осум месеци на чело институцијата.

На оваа одлука реагираа повеќе политичари, судии, обвинители и адвокати според кои без разлика на сè, нејзиниот мандат завршува за една недела.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни