Свет

Ветер над 130 километри на час: Холандија откажа над 100 летови поради невремето

Ветер над 130 километри на час: Холандија откажа над 100 летови поради невремето

Меѓу 6 и 7 часот во петокот, на островите Ваден во Холандија, измерена е просечна брзина на ветерот од 9 по скалата Бофор.

Ова е официјално прва зимска бура во сезоната и седма оваа година.

Најсилниот удар е забележан на брегот со сила до 130 километри на час.

Аеродромот Шипхол најави доцнења и откажувања на летови поради моменталните временски услови, компанијата KLM потврди откажување на повеќе од 90 летови, а се очекува бројот да се зголеми, според портпаролот.

Операторот на железничката инфраструктура изјави дека невремето предизвикало проблеми и на железничката мрежа, а забележани се и нарушувања поради паднати дрвја.

Холандскиот метеоролошки институт издаде жолто метео предупредување и се очекува во текот на денот невремето постепено да слабее.

Според прогнозите за викендот се очекува невреме, но послаб со јачина од 5 до 6.

Најсилни удари се очекуваат на југозападот на земјата, но и на северот на Франција.

Овој ветер, според ирската метеоролошка служба, е дел од „олујата депресија“ која ја нарекоа Дараг.

Ирска, исто така, беше погодена од силни ветрови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни