Пред да дојде на власт, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ветуваше минимална плата од 16 илјади денари. Ова, како што велеше, ќе ја поттикне спиралата за покачување на платите, додавајќи дека просечната плата ќе достигне до 30 илјади денари. Освен тоа што просечната плата сега не е 500 евра, реалност не стана ниту минималецот од 16.000 денари, кого СДСМ го ветуваше со „Планот за живот во Македонија“ и уверуваше дека ќе се достигне до 2020 година.
Фактот што во Македонија минималната плата не е 16.000 денари, првиот човек на социјалдемократите, Заев, го правда со тоа што во Влада не бил цели четири години, односно не бил премиер цел мандат.
Пресметана во евра, минималната плата во Македонија е 240 евра. Со споредба со земјите од регионот, според податоците не „Евростат“ повисок минималец од Македонија има во Србија -343, Црна Гора- 331, и Бугарија – 312 евра. Најниска минимална плата бележи Албанија со 213 евра и Косово, која зависно од возраста варира од 130 до 170 евра.
.