Свет

ВИДЕО 32 деца загинаа во стампедо во Нигерија

ВИДЕО 32 деца загинаа во стампедо во Нигерија

Најмалку 32 деца загинаа за време на стампедо на карневал во југозападната нигериска држава Ојо, соопштија официјални лица, пренесува Анадолу.

Инцидентот се случи вчера во исламското средно училиште Башорун во главниот град на државата Ибадан.

Портпаролот Дотун Ојелиса им потврди на новинарите дека загинале 32 лица, додавајќи дека бројот може да се промени по целосниот полициски извештај.

Портпаролот на државната полиција Ојо Адевале Осифесо рече дека истрагата е во тек за да се утврди точниот број на жртвите.

Анадолу дознава дека карневалот го организирала невладината организација Жени на кои им треба водство и поддршка, а полицијата ја испрашува основачката на организацијата Наоми Силекунола.

Омолева Азиз, која била на местото на настанот со својот седумгодишен син, за Анадолу изјави дека пристигнала во 6 часот наутро додека толпата се обидувала да влезе во просториите на карневалот.

Според неа, немало доволно обезбедување.

„Многумина паднаа и беа прегазени, додека други се онесвестија“, рече таа.

Организаторите најавија храна и подароци за 5.000 деца, но околу 8.000 се појавија во средата наутро.

Повеќе извори од местото на настанот велат дека жртвите биле прегазени додека се обидувале да поминат низ главниот влез.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни