Свет

ВИДЕО Американците во шок: Трамп вели „има нуклеарно оружје, ако го погоди Њујорк…“

ВИДЕО Американците во шок: Трамп вели „има нуклеарно оружје, ако го погоди Њујорк…“

Последната изјава на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, овој пат за нуклеарното оружје, повторно ја шокираше американската јавност.

Имено, републиканскиот кандидат за иден претседател на САД за време на интервју со водителката на Фокс њуз, Лора Инграм, изјави дека е загрижен за безбедноста на своите поддржувачи.

„Загрижен сум за нивната безбедност. Тие луѓе, како и сите во оваа просторија, се во голема опасност во моментов. Има нуклеарно оружје кое, ако го погоди Њујорк, ќе ја уништи Јужна Каролина“, рече Трамп.

Инаку, Јужна Каролина е родната држава на Ники Хејли, противкандидатката на Трамп во борбата за републиканската претседателска номинација.

Засега нема објаснување што точно мислел Трамп, а многумина се сомневаат во вистинитоста на неговите тврдења.

Пред ова интервју, Трамп го шокираше целиот свет со изјавата дека САД со него на чело нема да бранат членка на НАТО која не ги исполнува своите финансиски обврски кон Алијансата, додавајќи дека дури и ќе го охрабри рускиот претседател Владимир Путин „да направи се што сака со нив“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни