Пратеникот од редовите на Левица Димитар Апасиев по паузата се јави за збор со забелешка дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и оти само 12 од нив биле исправни.
Тогаш пратеникот го соблече чевелот и со него силно удираше врз амандманите како да става печат, по што му ги даваше на Мисовски.
Крмов и Апасиев тврдат дека во иднина според новиот Деловник ќе се шверцуваат сите закони во Собранието, како што е сега случајот кога се користи „европско знаменце“. Тврдат дека опозицијата не може да го блокира носењето на некој закон.