Свет

ВИДЕО Апокалипса во Дубаи: Невидено невреме ги погоди Емиратите, улици поплавени, гром удри во највисоката зграда во светот!

ВИДЕО Апокалипса во Дубаи: Невидено невреме ги погоди Емиратите, улици поплавени, гром удри во највисоката зграда во светот!

Град падна и во различни делови на Абу Даби, а ненадејната промена на времето фати и исплаши многу жители на Обединетите Арапски Емирати поради силните громови кои го придружуваа невремето.

Според порталот „Khaleej Times“, обилни врнежи се забележани во Абу Даби, Дубаи, Рас Ал Каима и Фуџаира.

„Галф њуз“ во својот извештај наведува дека во Рас ал-Каима и Фуџаира се забележани потоци кои формирале дождовница во долините.

Сите државни службеници се известени да работат од дома, а образовните власти одлучија наставата во сите државни училишта да се одвива од далечина.

Сообраќајот во Дубаи беше во целосен колапс, бидејќи системите за одводнување не можеа да се справат со толку многу врнежи.

Гром удри и во највисоката зграда во светот Бурџ Калифа.

Националниот центар за метеорологија (НЦМ) исто така издаде црвено-жолто предупредување за продолжено влажно време.

Периодот на нестабилно време произлезе од „продолжување на горната воздушна депресија, придружена со студена воздушна маса и западен тек, со различно количество на облаци што се движи над земјата од запад“, соопшти НКМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни