ВИДЕО: Автомобил излета во Охридското езеро на влезот од Струга по судар со друг автомобил, сообраќајот блокиран!

По директен судир на две возила попладнево, на влезот од Струга, едно возило заврши во Охридското езеро, а друго го блокираше патниот правец.

Ова е втора сообраќајна несреќа, на само 200 метри на истиот патен правец.

4news.mk претходно веќе објави дека автомобил се судри со автобус.

Тоа се наоѓа на само 200 метри од втората сообраќајна несреќа.

Причината и за двете сообраќајни несреќи засега се непознати, нејасно е и дали има повредени лица.

На терен се наоѓаат полициски службеници кои го регулираат сообраќајот, а во тек се и анализи за утврдување на причините и одговорноста за сообраќајните несреќи.

Поради одржување на Преспа Форумот и зголемениот број на гости во Струга формирани се километарски колони за влез и излез од градот, практично целиот соообраќај на овој дел од Македонија е блокиран.

ВИДЕО: Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Струга, се судрија автобус и автомобил!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното