Македонија

ВИДЕО: Џафери ги распиша претседателски избори кои ќе се одржат на 21 април

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги распишa претседателските избори што ќе се одржат на 21 април. Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај. Засега не се познати кандидатите на двете најголеми партии. ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на пријавените кандидати за претседател, а на 16 февруари ќе одбере еден од нив. СДСМ, пак, на Kонгрес на 3 март ќе го избере својот кандидат.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни