ВИДЕО Џафери: Ми претставува голема чест доделената доверба, и оваа функција ќе биде спроведена одговорно!

Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец откако неговото име било предложено од првиот човек на ДУИ Али Ахмети, а одобрено од централното раководство на партијата кое одржа состанок во седиштето во Мала Речица.

Џафери ќе ја преземе функцијата кога техничката Влада ќе стапи на сила во последните 100 дена од овој состав.

Сега тој преку видео се огласи и вели дека му претставува голема чест за доделената доверба токму тој да биде премиер.

Џафери вели дека одговорно ќе одговори на новата задача со цел да ги исполни очекувањата на граѓаните на Македонија.

Во продолжение целата изјава:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното