Македонија

ВИДЕО Директорот на ТВ Канал 5 го избрка Исмет Рамадани од студиото по жестока кавга

ВИДЕО Директорот на ТВ Канал 5 го избрка Исмет Рамадани од студиото по жестока кавга

Екс пратеникот и долгогодишен политичар Исмет Рамадани вечерва во емисија на Канал 5 телевизија побара од водителот и телевизија да не се подгреваат меѓуетнички тензии истакнувајќи ги само одредените радикални изјави на некои албански политичари од опозицијата, притоа нереагирајќи на подгревачките националистички изјави на политичари од Левица, ВМРО-ДПМНЕ и останати партии од македонската опозиција.

„Немојте цело време албанските политичари, албанските политичари. Што изјави има во континуитет од Левица и структури во ВМРО-ДПМНЕ, додека немаше вакви изјави од ниту една партија од Албанците? Во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има три-четири луѓе кои во 90тите години кога настапуваа против Педагошкиот факултет викаа ‘гасни комори за Албанците’“ рече Рамадани.

По ова, преку видео врска во емисијата се вклучи и директорот на телевизијата Иван Мирчевски.

„Не се знаеме лично, но долго време работам во медиумите и ваков однос према медиум и новинар досега не сум забележал. Правите директно сегрегација. Никој, никаде и никогаш не прави поделба на луѓето во Македонија, ниту во светот на верска и етничка основа. Најмалку во Канал 5 имате право да кажете, особено за овој новинар, дека намерно потенцира и сака да ги навреди Албанците. За мене во Македонија сите се Македонци, сите сме граѓани на Македонија“ рече директорот Мирчевски.

Тој на крајот побара да се прекине емисијата и Рамадани да го напушти студиото, откако гостинот му сугерираше дека имало националистички настапи во емисијата за кои не се реагирало.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни